Логото како графички елемент или симбол ќе ја претставува вашата трговска марка или бренд на вашата компанија. Во оваа смисла, логото се очекува да:
– да биде единствено, уникатно, да се издвојува од останатите и да биде препознатливо
– дизајнот на логото да е функционален и флексибилен за да може да се користи во различни ситуации и контексти
– да може да се користи во целосна боја или во две бои (црно-бело), во зависност од потребите
Во таа смисла, ние ви нудиме три различни решенија во основната понуда, од кои ќе изберете едно што ви се допаѓа и на кое можеме, доколку сакате, да направиме корекција или ревизија .
Конечно го доставуваме усвоеното решение во две варијанти (црно-бело и целосна боја), секоја од нив во векторски и растер формат.
Ако имате идеја за тоа како треба да изгледа вашето идно лого, ќе ни помогнете со набројување на неколку логоа што ви се допаѓаат и врз основа на кои сакате да го создадеме вашето ново лого. Препорачливо е да ни ги предложите боите што би ги користеле, стилот на формата на буквата (фонт), како и сите натписи или име што ќе бидат содржани во логото. Меѓу важните елементи што ќе влијаат на идниот изглед на логото се активностите на вашата компанија или организација, целната група (корисници или клиенти на вашата компанија) и некои други предлози доколку ги имате.
Контактирајте не за дополнителни информации.