Сакате ли да креирате ОНЛАЈН КУРСЕВИ за самостојно учење?
САМОСТОЈНИТЕ ОНЛАЈН КУРСЕВИ имаат за цел, корисникот да ги следи со свое темпо, во свое време и тек на денот, да ги прегледува содржините повеќе пати, што е предност пред ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ОНЛАЈН КУРСЕВИ, кои клиентот е обврзан да ги следи во точно определено време.
Што сакате Вие повеќе: учење со свое темпо или темпо што некој Ви го поставува?
Претпоставуваме дека Вашиот избор не е тежок. Нејверојатно затоа, креирањето на самостојни ОНЛАЈН КУРСЕВИ е во постојан подем. Но, како можете да го примените на вашата организација? Ние ги споделуваме нашите совети и трикови и Ви ја даваме дефиницијата за овој концепт.
Главните предности на самостојно учење:
Самостојноto учење доаѓа со неколку предности што можат да ги подобрат перформансите на вработените. Еве неколку главни придобивки :
- Kaj самостојното учење нема временскиот притисок што постои кај обуките во живо. Нема притисок да ги завршите задачите и да научите со иста брзина како и другите. Никој не треба да се преправа дека разбрал нешто што не го сфатил. Наместо тоа, Вие можете да го разгледувате материјалот самостојно. Една студија објавена во Journal of Memory and Language покажува дека самостојното учење може да го зголеми и вниманието.
- Поставување на сопствен распоред
Самостојно учење им овозможува на вработените да си го креираат својот распоред. Особено е корисно за учесниците кои имаат други задачи и не можат да присуствуваат на час или обука во живо. Дури и ако има рок за завршување на курс, на пример, тие можат да изберат како и кога ќе го полагаат. - Помалку расеаност
Кога вработените ги креираат своите распореди за учење, тие можат да учат кога можат најдобро да се фокусираат. Тие можат да изберат кога имаат помалку прекини од колегите или други задачи. Се разбира, потребна е само-дисциплина за да се постигне тоа. Тие ќе треба да го усогласат времето за учење, со периодот кога имаат најмалку одвекување на вниманието дома, како и да ги исклучат мобилните телефони, како најголеми одвлекувачи на вниманието. - Погоден за различни стилови на учење
Луѓето имаат различни стилови на учење. Некои луѓе учат брзо, додека други одвојуваат време. Луѓето кои претпочитаат брзо да го завршат материјалот, не треба да чекаат други. Самостојно учење им овозможува на Вашите учесници да се прилагодат на нивните различни стилови на учење.